Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСлучај „Сопот“: Одбраната се надева дека СЈО ќе ги повлече обвиненијата

Случај „Сопот“: Одбраната се надева дека СЈО ќе ги повлече обвиненијата

Жителите на село Сопот, обвинети дека во 2003 година подметнале мина, во чија експлозија загинаа двајца војници на НАТО, се надеваат дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое го презеде нивниот случај, ќе ги отфрли сите обвиненија, пишува „Балкан Инсајт“

Локацијата на која што во 2003 беше поставена мината во чија експлозија загинаа војниците на НАТО и македонскиот цивил. Архифска фотографија.

Адвокатите на 11 жители на кумановското село Сопот, на кои одново им се суди по обвинението дека во 2003 година подметнале мина, во чија експлозија загинаа двајца војници на НАТО од полскиот контингент и еден македонски цивил, изразија надеж дека СЈО, на првото рочиште закажано за 18 септември, ќе ги отфрли сите обвиненија против нивните клиенти.

„Мислам дека на првото рочиште СЈО ќе го повлече ова обвинение кое веќе е докажано со прислушуваните разговори кои беа објавени јавно, дека овој случај е монтиран“, изјави Насер Рауфи, адвокат на обвинетите.

СЈО, формирано во 2015 година, со цел да ги истражи наводите за кривичните дела што произлегоа од прислушуваните разговори, обелоденети во јавноста на почетокот на 2015, официјално побара да го преземе случајот на 4 ноември 2016 година.

Овој месец, СЈО конечно го доби случајот. „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го предаде случајо „Сопот“ на СЈО на 5 јули. По разгледувањето на случајот, СЈО на 10 јули одлучи дека случајот е под негова надлежност“, соопштија од СЈО.

Одбраната цело време изразуваше надеж дека СЈО ќе го преземе случајот, бидејќи тој се спомнува во прислушуваните разговори меѓу некои тогашни високи функционери и дека снимките можат да го расветлат кривичното дело.

Имено, во еден од прислушуваните разговори, кој според наводите, се води меѓу поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и тогашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, се спомнува и случајот „Сопот“.

Според снимката, Јанкулоска му сугерира на Мијалков дека за случајот треба да биде консултиран и тогашниот премиер Никола Груевски, за да се види како да се продолжи со овој чувствителен случај, при што и двајцата признаваат дека претходната пресуда донесена во 2010, со која обвинетите беа осудени, се потпира на ’тенки докази’.

Не е исклучена можноста да се појават нови детали за случајот од другите снимки на прислушуваните разговори, кои се сега во рацете на СЈО, бидејќи СДСМ во 2015 година објави само мал дел од нив.

За потсетување, експлозијата на мината во Сопот се случи во 2003 година, во време кога Македонија сѐ уште се опоравуваше од вооружениот конфликт од 2001, меѓу албанските бунтовници и македонските безбедносни сили.

По долготрајното судење, 12 обвинети, во март 2010 година, беа осудени на вкупно 150 години затвор, но по забелешките на албанските политички партии, посебна собраниска комисија заклучи дека имало некои пропусти во текот на судењето.

Заклучокот на оваа комисија се базираше на тврдењето на сведокот Рамадан Бајрами, кој изјави дека исказот го дал по жестока тортура од полицијата.

По ова, беше донесена одлука за почеток на ново судење, кое што требаше да Sopoпочне во 2011.

Во меѓувреме, еден од обвинетите почина.

Албанските политички партии го критикуваа овој случај како пример на неправда врз Албанците во Македонија.