Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСлучај „Еразмус“: Судот им забрани на четворица професори да предаваат

Случај „Еразмус“: Судот им забрани на четворица професори да предаваат

Кривичниот суд, по барање на Јавното обвинителство, денеска донесе одлука да им забрани на четворица осомничени професори од Економскиот факултет да продолжат да предаваат.

Како што информираат од Крвичниот суд, лицата во текот на вчерашниот ден биле на распит пред судија на претходна постапка во присуство на своите полномошници и обвинителот кој го води предметот.

„Во текот на сослушувањето обвинителот за две лица го повлече предлогот за опредлување мерка за претпазливост, додека по ценење на причините заради кои е поднесен предлогот за преостанатите 4 лица, судијата на претходна постапка донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството и на Б.Ш, Д.Ј., С.Р. и Љ.Ј. им определи мерка за претпазливост од член 146 ст. 1 т. 7 – Забрана за преземање определние работни активности кои се поврзани со кривичното дело, а која мерка ќе трае додека постои потреба, а најдолго до правосилност на пресудата“, се вели во соопштението од Кривичен суд.

На ова решение, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет при овој суд.

Акцијата „Еразмус“ започна во јуни кога беа осомничени шест професори од Економскиот факултет, меѓу кои и екс деканот Бобак Шуклев, еден демонстратор и еден сопственик на угостителски објект во рамки на факултетот. Осомничените се товарат за примање и давање поткуп и злоупотреба на службена положба и овластување.