Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСловенците протестираа против европската политика за мигрантите

Словенците протестираа против европската политика за мигрантите

Љубљанскиот плоштад синоќа беше исполнет со демонстранти и транспаренти против политиката на ЕУ околу прашањата за миграција, која тие ја сметаат за „рестриктивна“. Протестот бил организиран од неколку невладини организации. Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ изјави на митингот дека ниту една европска земја не треба да ги затвори границите за време на бегалската криза.
ljubljanaТој упати критики до Унгарија за нејзиниот однос кон бегалците и мигрантите. Јанковиќ истакна дека градот е подготвен да прифати 190 бегалци и да им обезбеди згрижување. На митингот се појавиле и неколку контрадемонстранти, кои носеле транспаренти со пораки против исламизација на Европа.