HomeДЕНЕШНАРегион„Словенско братство 2016“ ги почна воените вежби, од Белград до Панчево

„Словенско братство 2016“ ги почна воените вежби, од Белград до Панчево

slovensko-bratstvo

Србија, Русија и Белорусија започнаа заеднички воени вежби на српска територија. Вежбите насловени „Словенско братство 2016“ ќе траат една недела, а учествуваат околу 700 војници од трите земји сочинуваат напади со хеликоптери и врз бунтовнички бази, евакуација на цивили и отварање на артилериски оган.

„Повеќе од 150 војници на единицата за специјални намени на Ивановската бригада на ВДВ и околу 50 падобранци од мировната единица на Витебската бригада на Силите за специјални операции на Република Белорусија во три Ил-76МД пристигна на воениот аеродром Батајница, кој се наоѓа 25 километри од Белград“, информира руското Министерство за одбрана, пренесува РИА „Новости“. По пристигнувањето во Србија руските и белоруските падобранци реализираа 35-километарски марш до српската бригада за специјални намени во околината на Панчево.

Првите воени вежби „Словенско братство“ беа реализирани минатата година на полигонот „Раевски“ во близина на Новоросијск.
slovensko-bratstvo-1
Целта, според српското министерство за одбрана, е унапредување на оперативната способност за решавање задачи и за изведување противтерористички операции во мултинационално опкружување. Ова е втора руско-српска воена вежба во Србија, а се одржува во моменти кога се зачестени критиките дека Србија премногу се врти кон Москва, наместо нејзината надворешна политика да ја усклади со ЕУ, како земја кандидат.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека Србија е независна воено неутрална земја, која самостојно и самосвесно одлучува со кои партнери ќе има воени вежби. Дачиќ наведе дека Србија и Русија имале само две воени вежби, додека со НАТО и со земјите членки одржала повеќе од 20 вежби. Една од тие вежби денеска завршува во Црна Гора, во која учествуваат повеќе стотици луѓе од 32 земји членки на НАТО и од партнерските организации, меѓу кои се и Србија, Македонија и Босна и Херцеговина.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com