Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСловенија на 20-ти декември ќе се изјасни дали ќе дозволи истополови бракови и посвојување деца

Словенија на 20-ти декември ќе се изјасни дали ќе дозволи истополови бракови и посвојување деца

Пратениците во словенечкиот Парламент денеска, на иницијатива на конзервативните групи кои имаат поддршка од католичката црква, донесоа одлука на 20 декември да се одржи референдум за истополовите бракови. Групата „Децата се во прашање“ успеа да ги собере 40.000 потребни потписи за одржување на референдумот, пренесоа американските медиуми.

Оваа група се противи на законот усвоен претходно годинава, што бракот го дефинира како заедница меѓу две возрасни лица, кои во неа стапиле доброволно. Конзервативците тврдат дека овој закон, исто така, на хомосексуалците им овозможува да посвојат деца.

Приврзаниците на овој закон тврдат дека за прашањата на човековите права не треба да се одлучува на референдум, но Уставниот суд пресуди дека референдумот, сепак, треба да се одржи. Пратениците за датумот за одржување на референдумот одлучија со 69 гласа „за“ и 11 „против“.