Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеСловенечки Жилец нова туристичка атракција: Дали сакате пиво од фонтана

Словенечки Жилец нова туристичка атракција: Дали сакате пиво од фонтана

Словенечкиот ма град Жилец е новата омилена дестинација на љубителите на пиво. Градот е познат како „Хмељова престолнина” на Словенија, поради локалното пиво „Кукеч”, кое сега ќе може да се пие и преку новата атракција.

„Кукеч” се вари со вода од минерален извор, што го прави пијалокот навистина посебен. Целта на општината, која инвестираше 350.000 евра во новата атракција е да се промовира пијалокот, но и самиот регион како туристичка дестинација. Веднаш до фонтаната со минералната вода ќе има пет автоматски вентили за пиво. Цената за една кригла ќе биде 6 евра, но задоволството од дегустацијата ќе биде непроценливо. Во градот живеат над 3.000 жители.