Thursday, Oct 19, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионСловенечката влада си има проблеми со снимки од разговори

Словенечката влада си има проблеми со снимки од разговори

slovenija vlada

И Словенечката влада има свој проблем со снимен разговор на Карл Ерјавец министерот за надворешни работи кој по изборите во 2014-та изразил сомнежи дека владата во која неговата ДЕСУС влезе како коалиционен партнер со премиерот Миро Церар нема да издржи долго бидејќи е нестабилна. Karl-Erjavec-Slovenian-Foreign-MinisterСнимката во кој тој се подбива со премиерот Церар е објавена во медиумите и постои загриженост дека може да допринесе за распуштање на коалицијата и распишување на нови парламентарни избори. Ерјавец изјави дека е разочаран од подметнувањето на тајни снимки и сега изразува увереност дека владата може да опстои и да ја води Словенија.