Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСловачка со нови полицајци ќе и помага на Македонија со бегалците

Словачка со нови полицајци ќе и помага на Македонија со бегалците

Словачка распореди нови 25 полицајци на македонско-грчката граница за да помогне во справување со бегалската криза при обидите за нелегални премини и контрола на теренот. Тие ќе бидат дел од третата мисија во земјава, чие комплетирање е предвидено за 24 јули.

„Македонците ја ценат професионалната и ефикасна работа на нашата полиција“, изјавила портпаролката на словачката полиција, Дениса Балогова.

Словачка, е една од најпосветените европски држави која дава асистенција за македонската полиција и планира мисијата да ја продолжи и есенва со испраќање на нови полицајци. Тие носат сопствени униформи но, секогаш се придружувани од македонските колеги.