Wednesday, Oct 18, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСловачка се спротивставува на отписот на грчкиот долг

Словачка се спротивставува на отписот на грчкиот долг

Преговорите меѓу Атина и нејзините меѓународни кредитори за реструктурирање на грчкиот долг напредуваат. Сепак, на оваа ситуација остро изреагира словачкиот премиер Роберт Фицо кој изјави дека Словачка секогаш ќе се спротивставува на каков било отпис на грчкиот долг.

Премиерот на седницата во неговиот министерски Кабинет додаде и дека се чувствува оттргнување од заклучоците усвоени на Самитот на еврозоната во кои стои договор на земјите да не се согласуваат со никакво намалување на вредноста на грчкиот долг.

„Ако Грција не ги исполни своите обврски, Словачка ќе биде меѓу првите земји што ќе побара нејзино излегување од еврозоната“, изјави Фицо.