Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСловачка се крена против корупцијата

Словачка се крена против корупцијата

Двајца гимназијалци, на возраст од 18 години, успеале преку социјалните мрежи да организираат и изведат на улиците на Братислава маса Словаци, во голем протестен марш против корупцијата и за пристојна Словачка.

„Маршот го организираме затоа што сме фрустрирани од состојбата во Словачка. Корупцијата принудува сè повеќе млади да си заминуваат од земјата, а тоа треба да се промени. Сакавме да покажеме дека имаме свој став и дека според наше мислење, ова не е во ред“, рече Давид Страка, ученик во гимназија, еден од организаторите.

Во вторник попладне во центарот на Братислава, според проценките на организаторите, се собрале неколку илјади луѓе, кои на протесниот марш тргнале со транспаренти против корупцијата и со скандирање „доста беше(премиерот Роберт) Фицо“, и „не ни е сеедно“.

Протестите на младите ги поддржа претседателот Андреј Киска и лидерите на опозицијата, кои ветија дека нема да излезат на улица со младите, за да биде јасно дека изразот на фрустрација кај младите не е поврзан со политичките партии. /крај/он/ст