Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРСлика на Пикасо запленета на Корзика-вреди повеќе од 25 милиони евра

Слика на Пикасо запленета на Корзика-вреди повеќе од 25 милиони евра

Слика на Пабло Пикасо, чија вредност се проценува на над 25 милиони евра, во петокот била запленета на брод на францускиот остров Корзика,соопшти Француската царинска служба

.

„Обидот да биде извезена сликата на Пикасо – „Глава на девојка“ во Швајцарија од царинското биро во Бастија во четвртокот го привлекла вниманието на француските власти“, објасни француската царина во соопштението.

Капетанот на бродот каде што била запленета сликата не можел да даде ниту еден важечки документ за споменатото дело. Станува збор за слика на Пикасо која што во мај, 2015-та година беше прогласена за шпанско национално богатство кое во никаков случај не смее да ја напушти територијата на Шпанија.

Оваа слика според француските власти се проценува на 25 милиони евра, е во сопственост на Џејми Ботин, славен шпански банкар чие семејство било дел од фондацијата на Сантандер банката во 1957-ма година.

Инаку, пред три години Ботин побарал од шпанските власти да ја „пресели“ сликата на Пикасо во Лондон, но највисокиот шпански суд – Националниот суд оценил дека тоа дело не може да се изнесува од Шпанија затоа што спаѓа во „недвижнини од културен интерес кои што немаат право да ја напуштаат националната територија“.