Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСледните денови ќе се разговата за идната соработка на владината коалиција, соопшти Заев

Следните денови ќе се разговата за идната соработка на владината коалиција, соопшти Заев

Премиерот Зоран Заев досега не разговарал со политичките партии за евентуално влегување или излегување од Владата, како и за пополнување на испразнетите министерски, заменички и директорски места по локалните избори. Очекува тоа да се случи во наредните денови откако, како што вели, ќе слегне прашината, односно сите ќе бидат со ладни глави.

– Очекувам овие денови прашината да легне. Сега имаме малку подзапалени политички глави во нашата држава. Се надевам во мирна атмосфера, некаде викендов, да ги отвориме процесите како понатаму заради тоа што имаме неколку испразнети места во Владата – министер, заменик-министер, неколку директори изјави Заев на маргините од денешниот Самит Македонија 2025.

На прашањето дали ќе продолжи коалицијата со Алијансата за Албанците предводена од Села, Заев рече дека тоа не зависи само од него, туку и од Села, но и од другите коалициски партнери. Тој, исто така, изјави дека досега со Мендух Тачи нема разговарано за евентуално влегување на ДПА во владината колаиција

На обвинувањата на Села дека тој повеќе ги штити ДУИ отколку што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Заев рече дека СДСМ се поставила принципиелно објавувајќи коалиции.

– Ние принципиелно се поставивме објавувајќи коалиции и реално застанавме зад личности и кандидати за кои верувавме. Кога ја соопштивме коалицијата уште за парламентарните избори, најавивме дека тоа ќе биде коалиција за долг рок. Јас не можам да бидам единствениот фактор што ќе гарантира коалицијата на централно ниво да опстојува со сите, но знам дека ќе сторам се таа коалиција не само со ДУИ и со другите коалициски партнери да биде стабилна и да се гради во еден долг период. Но, на овие избори тоа беше буквално невозможно. Знаете кој го направи чекорот со БЕСА, со ВМРО-ДПМНЕ и сл. И за мене тоа е логично оти локалната власт е различна од централната власт, дури и не се лутам на непријатните изјави и споредби со некои претходни политичари. Затоа нека падне прашината, нека ги оладат сите главите, викендот е пред нас и ќе можеме да разговараме – изјави премиерот Зоран Заев.