Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСледниот месец ќе почне примената на шествалентните вакцини

Следниот месец ќе почне примената на шествалентните вакцини

Од август ќе започне примената на шествалентните вакцини кои веќе пристигнаа во Македонија, а од септември се очекува да почнат да се користат и петвалентните вакцини, најави денеска премиерот Никола Груевски.

– Веќе вчера пристигнаа шествалентните вакцини и во наредните две до три недели ќе се распределуваат низ сите јавни здравствени установи според претходно утврдена шема. Околу 1 август ќе започне нивното користење, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по помоцијата на нови книги од проектот „Превод на дела од македонската книжевност на шест странски јазици“.

Што се однесува до петвалентните вакцини, Груевски соопшти дека тие треба да пристигнат до почетокот на август и дека веднаш по нивното пристигнување ќе почне дистрибуцијата, нивното користење ќе започне од 1 септември.