HomeДЕНЕШНАЕкономијаСледниот МЕРЦЕДЕС АМГ Е63 ќе се произведува со DRIFT мод

Следниот МЕРЦЕДЕС АМГ Е63 ќе се произведува со DRIFT мод

Наскоро Форд Фокус РС нема да биде единствениот автомобил со “DRIFT” мод. Мерцедес АМГ Е63 кој што ќе се произведува со погон на сите тркала,  ќе има и дрифтинг мод кога ќе пристигне на пазарот следната година.

Оваа информација доаѓа од шефот на АМГ, Тобиас Моерс, кој што ја даде оваа изјава во едно интервју:  “Моделот Е63 ќе биде со погон на 4 тркала и ќе има и дрифт мод. Сакаме да се осигураме дека колата ќе го задржи чувството од задниот погон од претходниот модел”

Знаевме дека E63 ќе бидат понудени исклучиво во погон на сите тркала, но додавањето на дрифт модот треба да дојде како добра вест за купувачите коишто Е63 им е омилен. Од АМГ велат дека сегашниот систем на сите тркала ќе биде целосно променлив, способен за испраќање на 100 проценти од моќта на автомобилот на задните тркала.

Режимот ќе овозможи моќно свртување и дрифтување кога е вклучен. Додека АМГ погонот на сите четири тркала “4Matic” и неговиот дрифт мод ќе го направи E63 забавен, исто така, ќе го направи и брз.

“Ќе биде побрз од било кога”, рече Моерс. “На стазата Нурбургринг ќе направи рекорд и ќе биде под 7 минути и 50 секунди кога е опремен со стандардни гуми.”

mercedes-benz-e63-amg-5

Не е познато колку под ова време од 7:50 ќе биде, но ако сака да биде во клубот со другите брзи автомобили со четири врати како што е Porsche Panamera Turbo и Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio, мора да биде во опсегот од 7: 30- 07:40.

Како и претходните E63, новиот модел ќе се нуди со еден мотор во две верзии. Тој мотор ќе биде верзија на Мерцедес “твин-турбо 4.0-литарски V-8”, на располагање со околу 600 КС. Забрзувањето на E63 од 0-100 километри на час ќе биде за 3 и нешто секунди. Очекувајте тоа да биде 3,2 или 3,3 секунди, како што стариот 2014 Мерцедес АМГ Е63 опремен со 577 КС и 5.5-литарски мотор со погон на сите тркала направи рекорд од 3,4 секунди.

ford-fokus-rs

Дрифт модот на многу места предизвика контроверзии за Форд Фокус РС. Во Австралија, се побара забрана на Форд Фокус РС заради безбедносни причини, се додека Форд не го ограничи дрифт модот само за на тркачка патека. Нивните проблеми не се неосновани, бидејќи многу сопственици на Форд Фокус РС се снимени како учествуваат во сообраќајни несреќи.

Ние би требало да го видиме новиот Мерцедес АМГ Е63 на саемот за коли во Детроит следната година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com