Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосСледната недела не очекува спектакуларен метеорски дожд

Следната недела не очекува спектакуларен метеорски дожд

Спектакуларен метеорски дожд ќе биде видлив од Земјата следната недела, во ноќта меѓу среда и четврток. Метеорскиот дожд Персеид е традиционален феномен, кој според астрономите, годнава ќе биде особено спектакуларен. Во моментот кога овој „небсен огномет“, што ќе биди видлив ширум светот, ќе го достигне својот зенит, на небото ќе можат да се видат и до сто метеори во еден час.

Среќна околност годинава е тоа што Месечината во тој период ќе биде во најтемната фаза, па со својот отсјај нема да пречи во следењето на метероскиот дожд.
– Тоа ќе биде вистински спектакл. Ќе можеме да видиме многу повеќе метеори од вообичаеното, изјави астономот Морган Холис од британското Кралско астрономско здружение.

Метеорксиот дожд, што вообичаено секоја година се појавува на небото меѓу 23 јули и 20 август, потекнува од опашката на кометата Свифт-Татл, која прави круг околу Сончевиот систем, оставајќи зад себе облак од метеориди. Додека Земјата кружи околу Сонцето овие метеороиди продираат во земјината атмосфера со брзина од околу 60 километри во секунда, при што согоруваат.

Метероскаиот дожд Персеид е познат и како „Солзите на Свети Лоренс“, бидејќи паѓа во времето на одбележувањто на празникот на овој ирски католички светец – 10 август.