Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСледната недела ќе биде густо: Хан во Скопје, Заев во Белград, Османи во Атина и пет судења

Следната недела ќе биде густо: Хан во Скопје, Заев во Белград, Османи во Атина и пет судења

Следната недела македонските политичари, но и судовите ќе имаат набиена агенда. Се очекува посетата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, посета на владина делегација во Србија и средба помеѓу вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, пишува Мета.

Во скопскиот Кривичен суд, за следната недела на распоредот се рочишта за случаите „Поткуп“, „Шамари“, „Труст“, „Триста“ и „Сопот“, кои предизвикуваат голем интерес во јавноста.

  • 20/21 ноември (понеделник/вторник) – Премиерот Зоран Заев ќе престојува во официјална посета на Србија, каде ќе се сретне со српската премиерка, Ана Брнабиќ, и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
  • 20/21 ноември (понеделник/вторник) – Во официјална посета на Македонија ќе пристигне еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, откако оваа недела тој во Брисел имаше средба со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. „Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје следната недела, со политички состаноци и со средби со граѓанското општество“, напиша Хан на „Твитер“.
  • 20 ноември (понеделник) – Во Кривичен суд е закажано рочиштето за случајот „Поткуп“ на кое треба да се појави Заев, но поради неговата посета на Србија, најверојатно рочиштето ќе биде одложено.
  • 20 ноември (понеделник) – Ќе има рочиште и за случајот на СЈО за „Шамарите“ во Центар.
  • 20 ноември (понеделник) – Во Владата ќе има јавна дискусија за предлог-измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на која ќе присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и министерот без ресор задолжен за комуникација, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски.
  • 21 ноември (вторник) – Ќе има рочишта за предметите на СЈО, „Труст“ и „Триста“.
  • 22 ноември (среда) – На Комисија за европски прашања на второ читање ќе биде ставен законот за употреба на јазиците.
  • 22 ноември (среда) –  Ден на албанската азбука.
  • 23 ноември (четврток) – Во Кривичен суд е закажано судењето за „Сопот“.

Во текот на наредната неделa, a можеби и таа по неа, се очекува и официјалната посета на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на Грција, каде ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас.