Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРСледат најубавите 10 летни денови во Струмица – започнува ,,Струмица опен фест"

Следат најубавите 10 летни денови во Струмица – започнува ,,Струмица опен фест"

Младите таленти на Струмица вечерва во 21 часот во дворот на АРМ со концерт ќе го означат почетокот на четвртото издание на десетдневната манифестација  „Струмица опен фест“.Веднаш по концертот следува Warm up trap party во базенот „Аквариус“.

Програмата на „Струмица опен фест“ годинава предвидува 20 настани распоредени на неколку локации во големиот градски парк и тоа од областа на театарот, филмот, поезијата, ликовната уметност, фолклорот, ќе има и работилници, обуки, многу награди и бројни изненадувања. Кулминацијата ќе следи во последните три фестивалски  дена со многу музика од познати балкански и светски изведувачи и разни жанрови за сите вкусови.