Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСлавниот актер ќе рипне во тавче по четврти пат!

Славниот актер ќе рипне во тавче по четврти пат!

По последниот развод во 2012 година, Том Круз целосно се препушти на работните обврски и се посвети на снимањето филмови. Но, изгледа дека по целата сага со Кејти Холмс славниот актер не издржи да остане ерген.

Магазинот Star пишува дека 53-годишниот заводник одлучил повторно да рипне во тавче, и тоа ни помалку ни повеќе со неговата 22-годишна асистентка Емили Томас.

Парот се запознал минатата година на снимањето на филмот Mission Impossible: Rogue Nation и исто толку време се заедно.