Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСлавењето заврши, Грција снема пари

Славењето заврши, Грција снема пари

По еуфоричните прослави на референдумот за одбивање на условите за строгите мерки за штедење грците ќе мора да се соочат со реалноста, а тоа е веќе извесен банкрот и банките немаат пари. Граѓаните се соочуваат и со големи рестрикции на повлекување на големи суми на пари и може да подигнат само 60 евра од сметките, во страв да не колабира целиот банкарски систем.

банки грција

Банкоматите се речиси празни, а асоцијацијата на банкари вели дека ликвидноста може да се одржи уште денес по што ќе мора да се најде ново решение. ММФ нема да додели финансиска помош, а државата ќе остане без средства и нема да може да ги исполнува своите обврски. Следниот чекор би било враќање на драхмата или пак наоѓање компромис со ЕУ и кредиторите.