Слатко изненадување – Официјализиран Android 6.0 Marshmallow
Google ја официјализираше најновата верзија на Android M која откако ќе помине тест фазата ќе биде лансирана како Android 6.0 Marshmallow до сите уреди од најновата генерација. Првата порака е упатена до програмерите кои ќе добијат нов развоен софтверски пакет за надградба на нивните Android апликации во Play Store со најновите додатоци.
Програмерите ќе имаат и доволно време да ја тестираат алатката и да проверат како ќе функционираат апликациите оптимизирани за Android 6.0 Marshmallow пред официјалното пуштање во употреба во октомври. На интернет веќе протекоа и новите позадини и анимации кои може да ги инсталирате надворешно преку APK фајлови.
Извор: telefoni.mk