HomeФЕР ПЛЕЈФудбал„Sky Sports“ откри зошто Варди му даде „корпа“ на Арсенал

„Sky Sports“ откри зошто Варди му даде „корпа“ на Арсенал

Според сознанијата на овој медиумски гигант причина е Арсен Венгер, поточно неговото разбирање за фудбалот. Одлуката на Џејми Варди да го одбие Арсенал се основала на сомневања. Имено, 29-годишниот англиски напаѓач не се гледал себеси во екипата на „Топџиите“ бидејќи сметал дека нема да му одговара стилот на игра кој Венгер го Форсира во Арсенал.

Општо познато е дека Арсенал во „ерата“ на професорот игра фудбал кој се базира на посед на топката, што е дијаметрално спротивно на стилот на игра кој Лестер го игра под водство на Раниери, каде главен акцент се ставаше на контранападите, во кои Џејми Варди беше главен адут.

„Sky Sports“ додава дека Варди ја донел својата конечна одлука после разговорот со својот агент кој го посетил во кампот на неговата репрезентација после натпреварот од последното коло во групната фаза на Европското првенство, во кое Англија ремизираше со Словачка без погодоци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com