HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопското подземје се пресмета на Партизанска – близнакот од Ѓорче се бори за живот

Скопското подземје се пресмета на Партизанска – близнакот од Ѓорче се бори за живот

partizanska-prestrelka

Во престрелка на крстосницата меѓу Партизанска и Париска улица синоќа е ранет еден човек. На пукањето претходело бркотница со автомобили. Според информациите на 24 Вести станува збор за напад, при што возилото на човекот кој бил нападнат е превртено. Според засега непотврдените информации, повреденото лице било погодено со четири куршуми, во слезената, градите и вратот,

Бркотницата на возилата почнала од бензинската Макпетрол. При бегањето возилото удрило во жардињера на улицата и се превртело. На возилото има траги од куршуми.

24 Вести дознава дека синоќа мета на нападот во Скопје беше Даниел Трајковски, еден од браќата близнаци од Ѓорче Петров. Во него било пукано од возило во движење. Ранет е при возење, по што изгубил контрола врз неговото возило (Голф 5) и се превртел неколку пати.
partizanska-prestrelka-1
Веста се уште не е официјално потврдена, но со сигурност се знае дека возилото Голф 5, сребрена боја е сопственост на Даниел. Неофицијално ранетиот пред неколку месеци учествуваше во тепачка во едно скопски кафуле кога еден човек беше прободен со шрафцигер во главата.

Не се знаат мотивите за нападот, но не се исклучува некаква одмаздничка акција. Инаку, Даниел Трајковски и досега во МВР пријавувал обид за напад врз него, а при последната пријава лани сведочел дека бил пресретнат од црн Пасат, од каде сакале да пукаат на него. Даниел моментално е на операција на скопските клиники.

Донесен е во полусвесна состојба, ранет, направени се компјутерски снимки и сега врз него се врши операција. На Ургентен има пријатели и членови на потесното семејство. Трајковски во возилото бил сам. На местото на несреќата цела ноќ се вршеше увид, напаѓачот е во бегство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com