Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСкопското обвинителство тврди дека Крпач се самоубил

Скопското обвинителство тврди дека Крпач се самоубил

Основното јавно обвинителство – Скопје со соопштение ја известува јавноста дека од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за починатиот Коста Крпач било утврдено дека станува збор за самоубиство.

-„Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за починатото лице К.К., е утврдено дека станува збор за самоубиство. И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје за утврденото ја известува јавноста заради отстранување на шпекулациите. Постапката по предметот во Обвинителството и понатаму тече за утврдување на причините и на околностите под кои настапила смртта на лицето К.К.“, стои во соопштението од јавното обвинителство.

Инаку, смртта на Коста Крпач, едно од аболицираните лица од листата на Иванов, периодов стана вистинска мистерија. Пред 35 дена телото на 40-годишниот беше пронајдено во неговиот стан во центарот на Скопјe.