Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопје,,Скопски урбани приказни" враќаат спомени по осми пат

,,Скопски урбани приказни" враќаат спомени по осми пат

Под мотото  ,,Привремена духовна ремедијација,интимна урбана ре-визија”.Денеска со почеток во 17 часот во центарот на Скопје, ќе се одржи настанот ,, Скопски урбани приказни”

Со оваа манифестација ќе се вратат спомените за сите навики на старите скопјани. Начинот на живот, сеќавање на едно старо, романтично Скопје.

Куратор на изложбата е Ана Франговска. Настанот е во организација на ,,Скопско лето’’ 2015 во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ)

SKOPJE 2

На изложбата со свои дела ќе се претстават 6 уметници, членови на ДЛУМ: Горан Менков, Ана Јовановска, Нада Прља, Ана Лазаревска, Зорица Зафировска Димче Димески.

Делата ќе бидат поставени на неколку локации низ центарот на градот. Манифестацијата ќе трае до 23 часот