HomeДЕНЕШНАРепубликаСкопски бизнисмен „ќарил“ половина милион од затајување данок

Скопски бизнисмен „ќарил“ половина милион од затајување данок

Полиција разби добро организирана криминална група со разработена шема за брзо и лесно богатење на сметка на државаната каса. Нафтени компании затајувале данок и го оштетиле буџетот за 562.000 евра, а за тоа се послужиле со фалсификувани фактури од рафинеријата Окта.

Главен организатор и првоосомничен е скопски бизнисмен, кој во сметководството на своите приватни фирми употребил фалсификувани фактури за наводно извршени набавки на нафта од скопската рафинерија Окта. Во оваа шема вклучен бил и сметководителот на неговата фирма, кој на главниот организатор му помогнал во изготвување на огромен број цесии и компензации со други фирми со цел губење на трагите од нафтата која никогаш не била набавена.
finansiska policija_2При претрес пронајдени се бланко фактури со печат од една од фирмите кои биле вклучени во „нафтениот бизнис“, 15 фалсификувани фактури наводно издадени од Окта во износ од 369.000 евра и 28 фалсификувани фактури во износ од 1.015.000 евра. Полицијата го проверила и внатрешниот електронски систем на Окта и утврдила дека рафинеријата никогаш немала деловни односи со фирмите на првоосмичениот, како и дека меморандумот на кој се изготвени сомнителните фактури, Окта го употребувала до 2010-та година.

Првоосомничениот го фалсификувал и потписот на одговорното лице на Рафинеријата, печатот кој е употребен на фактурите, а со цел да се затскрие криминалната шема, фалсификувани биле и сите испратници на кои како транспортери на наводно набавената нафта евидентирани се непостоечки камиони и возачи. По откривање на финансиските малверзации организаторот на криминалната шема нелегално ја напуштил Македонија, а по него ќе се трага со меѓународна потерница.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com