Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопската улица „Орце Николов“ во ново руво

Скопската улица „Орце Николов“ во ново руво

Вчера официјално беше пуштена во употреба реконструираната улица „Орце Николов“, протегајќи се од булеварот „Св. Климент Охридски“ па се до улицата „Михаил Цоков“.

Вкупната реконструирана површина е 3.600 м2, должината е 520 метри и ширина – 7 метри. Поставени се нови шахти и поправени се оштетените ивичници.

Општината соопшти дека и овој проект, како сите досегашни во последните 2 и пол години во општина Центар, по доаѓањето на новото општинско раководство, се изреализирани без ниту еден денар поддршка од централниот буџет.