Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСкопската пожарна се распаѓа – Командирот бара повеќе пожарникари

Скопската пожарна се распаѓа – Командирот бара повеќе пожарникари

Стари и речиси пред распаѓање- вакви се камионите со кои пожарникарите кои војуваат со огнените стихии и да им помогнат на граѓаните на Скопје. Пожарникарите бараат камионите да бидат заменети со нови модели за да можат побрзо и поефикасно да делуваат.

Сепак, командирот на бригадата, Нуредин Мустафа тврди дека камионите не се проблем, туку поради недостаток на пожарникари се распаѓа скопската пожарна.

„За жал, иако во моментов противпожарната бригада на Скопје, има потреба од нови пожарникари, тоа е тешко да се реализира се додека не се формира влада. Се чувствува потребата од нови пожарникари. Според информациите со кои располагам, доставено е барање до антикорупциската комисија да се дозволи прием на нови пожарникари, но се уште немаме одговор“ – изјави Командирот Мустафа.

Инаку, овој противпожарен центар во Скопје, има уште четири други ограноци кои им стојат на располагање на граѓаните, во случај на пожар.