Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопската обиколница затворена до сабота

Скопската обиколница затворена до сабота

Скопската обиколница и денеска е затворена за сообраќај поради снимање на филмот „А фонд“ на француската продукциска куќа „Чик филмс“. Обиколницата е затворена од клучката кај Хиподром до клучката Сарај.

Како што најавија од „Чик филмс“ и „Манифактура продукција“ обиколницата ќе биде затворена до петок во периодот од 5 до 18 часот. Што значи дека од сабота, обиколницата ќе биде отворена за користење на сите граѓани.