Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопската обиколница ќе биде затворена цел месец поради снимање филм

Скопската обиколница ќе биде затворена цел месец поради снимање филм

Скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај од утре до 28 септември секој работен ден од 07 до 19 часот од клучката Хиподром до клучката Сарај, поради снимање на францускиот игран филм „2015 A Fond“.

Мануфактура Продукција од Скопје, во периодот од 03 септември до 25 октомври ќе го снима филмот на обиколницата околу Скопје, на одредени секции на автопатот Е-75, како и на патарината Петровец.

Од тие причини, обиколницата ќе биде затворена од 03 до 28 септември секој работен ден од 07 до 19 часот (12 часа). Режимот на работа на патарината Петровец ќе биде редуциран на 22 септември, додека секциите на автопатот околу Градско ќе бидат затворени во периодот од 28 септември до 25 октомври и сообраќајот ќе биде пренасочуван.