Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопје во духот на Њујорк – започнува изградбата на Адора Флатирон

Скопје во духот на Њујорк – започнува изградбата на Адора Флатирон

Локацијата на поранешната фабрика за сапуни „Цветан Димов“ во општина Кисела Вода конечно ќе започне со возобновување. Денеска и официјално започнува изградбата на објектот „Флатирон“ кој многу потсетува на истоимената добропозната зграда во Њујорк која датира од 1902 година.

Парцелата на која ќе се воздигне овој проект изнесува 4.400 квадратни метри, ќе има 16 спратови востановени како деловен простор и 14 за станбен простор.

Градежната компанија која учествува во проектот е „Адора Инженеринг“ а инвестицијата е проценета на 40 милиони евра.