Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопје со поддршка за уличните продавачи на весници

Скопје со поддршка за уличните продавачи на весници

Станува збор за годишен настап кој се одржува секоја година во првата недела од февруари , преку продажба на уличното списание „лице в лице“. Скопје ќе им се придружи на  уште 35 градови во целиот свет кои имаат за цел да ја одбележат работата на продавачите на 114 улични списанија ширум светот и да се запознае јавноста со проблемите како сиромаштија, социјална исклученост, немање кров над глава , со кои тие секојдневно треба да се борат.

Како топло благодарам од страна на продавачите кон оние кои ќе пристапат кон нивна пддршка , ќе им бидат понудени разгледници токму од Македонија кои ќе можат да се испратат на роднини и пријатели ширум светот.

12631353_961505427269237_8905602396846264747_n-702x334

На фотографиите доминира природната убавина на Македонија , сликана ни објективот на Томислав Георгиев, Роберт Атанасовски, Михајло Димоцски и Герги Равански.

Оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на настанот , својата поддршка ќе можат да изразат преку онлајн-капмањата , објавувајќи слики и фотографии на оваа тема со хаштаг : #VendorWeek и #Лицевлице.

Лице в лице е списание преку чија што продажба половина од цената оди за проавачот а половина за финансирање на ваквите кампањи.

Настанот во Скопје ќе се одржи на повеќе локации : Дебар Маало, плоштадот Македонија и на влезот на ГТЦ.