Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес

Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес

Скопје се уште го памети катастрофалниот земјотрес во 1963 година кој го разурна градот. Како и секоја година 26-ти јули ќе биде достојно одбележан. Утре во 10 часот, на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќиња.

Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот, на крводарителска акција што традиционално ја организира Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот.

Вечерта во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“, а во 20.30 часот, градоначалникот Коце Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.