Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнСкопје постер фестивал по осми пат – Сите за лицата со хендикеп

Скопје постер фестивал по осми пат – Сите за лицата со хендикеп

Годинешното издание на Скопје постер фестивал ќе биде посветено на лицата со хендикеп под мотото „Enabled for Disabled“ и со изложбите во Младинскиот културен центар ќе започне од 30 ноември, па ќе може да се посети до 5 декември. Изложени ќе бидат постери од огромен број на пријавени учесници, а ќе се прикажат и делата од минатото издание на фестивалот.

skopje poster festival

 

Предвидени се повеќе работилници со предавање на едни од најдобрите графички дизајнери и сите заинтересирани може да се пријават за учество преку официјалниот сајт на skopjeposter.com. Скопје постер фестивалот се одржува по 8 пат.