Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОР,,Скопје Креатива" ќе избира најдобри инстаграм- фотографии од Скопје

,,Скопје Креатива" ќе избира најдобри инстаграм- фотографии од Скопје

Под мотото ,,Скопје- мојот град” во склоп на фестивалот ,,Скопје креатива 2015” ќе се одржи првиот инстаграм натпревар посветен на главниот град ,,#SKK15.” Целта на овој натпревар е што помасовно споделување на креативни и инспиративни фотографии од Скопје. Сите заинтересирани можат да учествуваат со следење на профилот на ,,Скопје Креатива, a објавената фотографија за Скопје треба да има задолжителен хаштаг SKK15. Овој инстаграм – натпревар ќе трае се до 5 септември. Од пријавените, ќе бидат избрани најдобрите 30 фотографии и истите ќе бидат изложени.

Инаку, ,,Скопје Креатива” е фестивал на креативни индустрии кој годинава се одржува по четврти пат. Важи за настан кој ја обединува бизнис заедницата и креативниот сектор од Македонија и регионот.

Годинава, предвидени се пет фестивалски вечери, од 16 до 20 септември  во Плаја Виста.