Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСКОПЈЕ: Јавна расправа за обвиненијата против кумановските терористи, тврдат не се виновни…

СКОПЈЕ: Јавна расправа за обвиненијата против кумановските терористи, тврдат не се виновни…

На денената јавна седница во судот во Скопје, сите 29 обвинети за инцидентите од 9-ти мај во Дива Населба, се изјаснија за невини. Нивната одбрана тврди дека нема никакви докази за делата што им се препишуваат, односно терористички напади и учество во терористичка организација. Понатаму, одбраната убедува дека тие се бранеле од полицијата, а истрагата е сеуште незавршена а е проследена со големи пропусти.

Претставниците на одбраната побараа новата специјална обвинителка, Катица Јанева, да го преземе случајот.
Обвинителството посочи дека по нападот во караулата на Гошинце, каде беше украдено оружје, полицијата започнала со обемна истрага и следење, па така, врз база на добиените информации и сознанија судот издал налог припадниците на МВР да извршат рација во кумановската населба.
Обцвинителот Наум Пановски, тврди дека утрото на 9ти мај кога пристигнала полицијата во населбата, најпрво била дочекана со бомба за потоа вооружената група и да отвори оган врз полициските единици. Пановски потенцира дека во дводневната акција животот го загубија осум полицајци, а повеќе беа ранети.

Јавната расправа се очекува да трае до доцните вечерни часови, а најавено е одлуката за оценка на обвинителниот акт судот да ја обзнани во понеделник. Ден кога ќе се знае дали ќе биде прифатено обвинението или ќе се врати на доработка. Сликата од јавната расправа ја комплетира силно полициско обезбедување опремено со автоматско оружје, кое од утрово е распоредено околу комплексот судови, но и низ цело Скопје. Пред судот се собраа роднини и пријатели на обвинетите кои побараа да се отфрли вината.


Н.С