Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСкопје и Тетово ќе добијат зелени билборди за прочистување на воздухот

Скопје и Тетово ќе добијат зелени билборди за прочистување на воздухот

Во вторник и во среда, пред Центарот за култура во Тетово и во близина на хотелот „Мериот“ во Скопје, невладината организација „Екосвест“ и Амбасадата на Германија во Македонија ќе го промовираат проектот за клима и за заштита од климатски промени „Сити три“ (City tree).

На градовите Скопје и Тетово и на нивните граѓани, како што соопштија таму, ќе им бидат предадени зеленит е билборди за прочистување на воздухот.

„Сити три“ претставува вертикална структура од специфични видови мов, васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина, азотни оксиди и озон и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно.

На свеченото отворање ќе се обратат Ана Чоловиќ-Лешоска од НВО „Екосвест“, амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Овој проект е овозможен со помош на средства од Фондот за заштита од климатиски промени на министерството за надворешни работни на Германија, а во набаваката на билбордите учествувале компаниите „Пакомак“, „Енерџи диливери солушнс“, „Еколог“, „Везе Шари“, „Прокредит банка“, ДХЛ, „Кнауф“ и „Де мед“