HomeРЕФЛЕКТОРДизајнSkopje Design Week заврши со проектот „Енергетска математика“ од најмладите

Skopje Design Week заврши со проектот „Енергетска математика“ од најмладите

dsc_0323

За време на „Skopje Design Week“ организаторот „Јавна соба“ со поддршка на ЕВН го реализираше проектот за подигање на свеста кај најмладите генерации преку интервенција на фасадата на трансформатор на улицата „50 Дивизија“ во Скопје.

Децата од нашата улица 30 дена работеа со дизајнер – ментор за да ја совладаат Енергетската математика – кампања на ЕВН, и да издвојат пораки од истата кампања, коишто тие самите ги разбираат и сакаат да ги пренесат на останатите во најблиската околина.

dsc_0542

Во процесот на подготовка за главната интервенција децата добиваа домашни задачи, истражуваа на интернет, правеа интервјуа со цел да дознаат како комуницира кампањата за заштеда на електрична енергија помеѓу соседите и сл. На 26 и 27 ноември, под менторство на Кристина Алексовска и Илија Илиевски од „Јавна соба“, децата ја санираа целосно запуштената фасада на трансформаторот и ги пренесоа своите пораки, кои целото нивно маало, но и минувачите на „50 Дивизија“, треба да ги видат и разберат.

Инсталацијата на “децата од нашето маало“, како што ги нарекуваат во „Јавна соба“, останува и по затворањето на фестивалот да ја подига свеста кај граѓаните за поразумно користење на електричната енергија, да ја краси околината и да пренесува пораки.

Пораките што ги испрати шестото издание на Неделата на дизајн во Скопје (Skopje Design Week), вклучувајќи ги и пораките на најмладите, го подигнаа нивото на чувствителност кон естетиката на секојдневието. Со мотото „Blooming Makers“ беше допрен пулсот на најновата генерација дизајнери и претприемачи, а 18-те изложувачи го осетија ’здивот‘ на публиката и удобноста на нивните производи сместени во јавен простор. Низ десетте презентации и седумте работилници беа пренесени бесценети знаења и искуства, од домашни, регионални и светски дизајнери, тренери и предавачи. Уникатен поглед на современиот австриски дизајн донесе земјата во фокус – Австрија, додека изложбата „Young Balkan Designers“, оваа година на тема „Ново аналогно“ донесе продукти, концепти, сценарија и услуги кои го содржат човечкиот допир со процесот на дизајнирање и производство, поврзувајќи го со материјалите, занаетите и техниките на изработка што се дел од културната традиција на Балканот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com