Monday, May 22, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнSkopje Design Week стартуваше со одлични работилници и креативни идеи

Skopje Design Week стартуваше со одлични работилници и креативни идеи

Skopje Design Week успешно го започна петтото издание во новиот простор во „Јавна соба“ со продолжување на подршката за македонските дизајн брендови и укажување на шанси за младите дизајнери од сите области. На првиот фестивалски ден најпрво се одржаа квалитетните работилници и предавања, присутните се забавуваа и со музичките настапи на пијанистите Ана Велиновска, Димитар Крстевски, Марија Николовска и Тамара Глигоровска во рамки на Peter’s Piano Room, а вечерта ќе биде збогатена со настапот на Симон Киселички трио и Dj Boogieman.

iot javna soba1

Работилниците вчера започнаа во 14.00 часот со предавање за новите технологии и дизајнот , аргентинскиот одржано од професор Фернандо Сола кој го привлече вниманието „Интернет на нештата“, нова претприемачка парадигма“.

evonatural javna soba

 

Презентацијата за еколошка хартија насловена Еconatural концепт се одржи во пријатна и опуштена атмосфера во мезе барот Јавна соба. Презентери беа Приматекс од Скопје со предавачите Никола Николиќ и Слободан Лукровски.

iot javna soba

Попладнето Демастил и ИМЕ/Преда плус на публиката и ги претставија Иновативните концепти за развој на детски играчки во Македонија. Станува збор за програма за Зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Swiss contact и ПРЕДА Плус, заедно со компанијата Дема стил од Крива Паланка кои организираат јавен повик до локалните дизајнери заинтересирани за pазвивање на иновативни концепти за производство на детски играчки во Македонија.

Програмскиот директор Марта Наумовска Грнарова која е и менаџер на компанијата ЗАВАР дизајн заедно со ИМЕ /Преда плус во сабота напладне, пак ветуваат динамични и инспиративни два часа интерактивна работилница „ SMILE DESIGN“, чија цел е да презентира техники и дизајн принципи на начин кој ќе ги инспирира дизајнерите и менаџерите на компании да иновираат преку OUT OF THE BOX размислување.

Целосната програма на Skopje Deisgn Week, можете да ја најдете на: www.ministryofpleasure.net.