Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопјани со еден билет ќе се возат во сите автобуси

Скопјани со еден билет ќе се возат во сите автобуси

Со само еден билет ќе можете да се возите во сите автобуси на јавниот градски превоз во Скопје, без разлика дали тие се на ЈСП или пак на приватните превозници. Советниците за весникот велат дека на приватните превозници ќе им се плаќа по изминат километар а системот за следење ќе овозможи да нема злоупотреби, пренесува Вест.

Со ова на граѓаните ќе им се овозможи со еден билет да се возат во кој сакаат автобус, без разлика дали е приватен или на ЈСП со што ќе им се намали времето на чекање. Предлогот треба да се најде на една од следните седници на Советот на Град Скопје.