Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопјанец со видео од сообраќајниот СРАМ – еве како изгледа возењето низ главниот град

Скопјанец со видео од сообраќајниот СРАМ – еве како изгледа возењето низ главниот град

По познатата група ѕид на сообраќајниот срам на Facebook, сега има и видео сообраќаен срам на видео каналот YouTube. Скопјанец со мотор го снима секојдневниот сообраќај во сите делови од градот и прави компилација наречена: Посебните луѓе (идиоти) во сообраќајот. Корисниците на YouTube ја поздравуваат идејата: Одлична идеја! Ајде да се собереме што повеќе, тоа подобро, да се објават многу видео записи и истите да бидат постојано споделувани! Надевајќи се еден ден на смирен и културен сообраќај – гласи еден од коментарите. Од пешак, преку велосипедист и мотоциклист, па се до автомобили и поголеми возила… Сите прават прекршоци. Овие видеа ќе ви ја покажат дека сме го допреле дното на сообраќајната (не)култура.