Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСкопјанец се бори за живот по жестока пресметка во ресторан

Скопјанец се бори за живот по жестока пресметка во ресторан

Вчеравечер околу 22:15 часот во с.Сарај-Скопје, во УО„Шеши“, дошле четири засега непознати лица од кои едно лице вооружено со пиштол, а друго со нож и по кратка вербална расправија со двајца гости во ресторанот, едно од лицата со ножот го пробол Р.Н. (1994) од с.Сарај-Скопје, кој веднаш со приватно возило бил пренесен во КЦ-Скопје каде му се констатирани ТТП и се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.