Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСкопјанец остана без регистарски таблици во Пефкохори

Скопјанец остана без регистарски таблици во Пефкохори

Уште еден Скопјанец остана без регистарски таблици во Грција. Од МВР информираат дека вчера на граничниот премин „Богородица“ од страна на Г.Б. од Скопје, пријавено е дека на 10.08.2015 г. во местото Пефкохори, украдени му се двете регистарски таблички од автомобил „Опел Корса“ за што била известена и грчката полиција.

Овој случај се надоврзува со претходните пет случаи во кои беа оштетени возила на македонски државјани на повеќе места во Р.Грција.