Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСкопјанец се заканувал со бомба на извршителка

Скопјанец се заканувал со бомба на извршителка

Вчера околу 10:30 часот во Скопје се одвивала вистинска драма. Извршителката В.Д. од Скопје која имала судска одлука за одземање на објект на лицето И.С. пријавила дека тој побарал прием кај неа при што и покажал кутија со експлозивна направа и кажал дека и во објектот, исто така, имало поставено експлозивна направа. Констатирано е дека во кутијата имало петарда и се работи на целосно расчистување на случајот.