Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСкопјанец пронајден мртов на стрелиште Камник

Скопјанец пронајден мртов на стрелиште Камник

Едно починато лице кое имало повреди од пиштол било пронајдено на стрелиштето Камник, соопшти денеска МВР.

Околу 18:50 часот вчера од итната медицинска помош било пријавено дека на стрелиште Камник бил пронајден починат А.М.(31) од Скопје од огнено оружје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавното обвинителство и увидна екипа на СВР-Скопје. Од местото на настанот бил подигнат пиштолот и е даден на вештачење.

По наредба на обвинителството телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.