HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСкопјанец си ја претепал сопругата бидејќи не сакала да гледа телевизја со него

Скопјанец си ја претепал сопругата бидејќи не сакала да гледа телевизја со него

Скопјанец си ја претепал својата сопруга во дневната соба на семејната куќа само затоа што не сакала да гледа телевизија со него. Иако тие биле во судска постапка за развод, жената ја користела дневната соба во текот на процесот.

Таа на полицијата и раскажала дека нејзиниот маж влегол околу 20:45 часот да гледа ТВ а дека таа му рекла оти е уморна и ќе оди да спие во другата соба. Меѓутоа, тогаш тој ја фатил за коса и почнал да ја удира и шамари по главата и лицето, за да на крај ја фрли на под и продолжи да ја тепа.

Жената успеала да избега и побарала помош, а тогаш мажот и ја фатил и и ја затворил устата со рака за да не се слуша нејзиното плачење. Жената била хоспитализирана, а мажот бил повикан во полциска станица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com