Friday, Mar 29, 2024
HomeUncategorizedСкап порок – Цигарите повторно поскапуваат

Скап порок – Цигарите повторно поскапуваат

Од први јули цигарите повторно ќе поскапат за три денари согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари. Во изминатите неколку години откако е донесена оваа одредба просечната класа на цигари од 50 денари сега ќе се продава за дури 63 денари, со што веќе овој порок за нашиот стандард станува се поголем трошок и е блиску до луксуз.

 

cigarets2

Новата и повисока цена пушачите ќе ја плаќаат на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат или пак да скратат уште една цигара во пакувањето, што е малку веројатна опција.

Скалестото зголемување од по 3 денари на цигарите ќе се применува се до први јули 2016 година, по што во наредните седум години тие ќе поскапуваат по четири денари за кутија годишно. Во овој бран на поскапување се опфатени речиси сите најчесто продавани брендови кај македонските пушачи и од најевтината, па се до највисоката класа на цигари.