HomeДЕНЕШНАПолитикаСкандалозно аудио: 60 евра поткуп за глас за ВМРО ДПМНЕ

Скандалозно аудио: 60 евра поткуп за глас за ВМРО ДПМНЕ

60-evra

ВМРО-ДПМНЕ со стари методи планира да ги добие новите избори. По укажувањата на граѓанскиот сектор и релевантните организации дека има притисоци врз административците, сега протече снимен разговор во кој партиските активисти нудат 60 евра по глас. Министерот Спасовски рече дека веќе е покрената кривична пријава. Покрај случајот со нудењето поткуп за гласови, Спасовски истакна и дека биле регистрирани и случаи на учество на припадници на полицијата во изборна кампања на политичка партија. Порталот Публикум.мк го објави тонскиот запис на кој јасно се слуша како партиски активисти од владејачката партија на жителка на Прилеп од Урбаната заедница „Центар“ и нудат поткуп од 60 евра за нејзиниот глас кој таа на изборите би го дала, како што се слуша на снимката, „не е поткуп – само да си помогнеме еден на друг“. Еве го аудио записот во целост:

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com