Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСкандалот со Здравко Мамиќ ја доживеа кулминацијата – „Ме прогонува актуелната власт“

Скандалот со Здравко Мамиќ ја доживеа кулминацијата – „Ме прогонува актуелната власт“

Најмоќниот човек во хрватскиот фудбал и тренер на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, денеска одржа прес-конференција на која се обрати на јавноста за скандалозните случувања од последниве денови, во кои тој и неговиот брат се обвинети за примање мито и затајување даноци.

„Во моите 15 години посветени на Динамо можам да кажам дека не постои ни една државна или приватна фирма која плаќа побрзо од Динамо. Тоа е дел од мојот кодекс. Мојата единствена одбрана, на моето семејство, родителите, баба ми и дедо ми, така сум воспитан. Горд сум на тоа што моето семејство никогаш нема избегнато да плати данок. Затоа сум одвнатре толку огорчен.“

Мамиќ е прилично убеден дека се работи за масло на актуелната хрватска влада и дека многу наскоро ќе се открие за какви луѓе станува збор.

„Седам пред вас како личност која е правомоќно ослободена. Требаше да добијам една до десет години затвор. како е можно да добијам казнена пријава а денес да седам пред вас како слободен човек? Мислам дека на секого му е јасно за што се работи. Направена е огромна штета на клубот и неговиот имиџ, како и на моето здравје. Многу пати сум говорел за злоупотребата на политиката и власта.“

Полицијата во четвртокот започнала со пребарување на куќата на браќата Мамиќ, во потрага на спорна документација и докази кои воедно се пребарувале и во просториите на клубот. Мамиќ и неговиот брат во моментов се во Словенија на припреми за престојната сезона, заедно со играчите на клубот.