Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСкандали во автомобилската индустрија, гигантите на удар!

Скандали во автомобилската индустрија, гигантите на удар!

Од „Мерцедес“ денеска објавуваат дека ќе повлечат над 126.000 возила поради технички проблеми.
Како што велат од компанијата причина за повлекувањето на колите е проблем кој се појавил а предизвикува активирање на воздушните перничиња без претходен судар.

Со овој проблем се засегнати моделите „Мерцедес C-300“, „C-350“, „C-63“ моделите од 2008 / 2009, како и GLK-350 4-Matic од 2010.

Од „Мерцедес“ велат дека уредот за контрола на воздушните перничиња е подложен на корозија и проблеми во функционирањето поради пропусти во процесот на производство. Ова може да доведе до активирање на воздушните перничиња без претходно предупредување, или пак, воопшто да не се активираат при сообраќајна несреќа. Од компанијата велат дека им биле пријавени три вакви случаи во САД, како и три случаи во другите држави. Засега нема информација дали некој бил повреден поради овој проблем.

Сопствениците на засегнатите модели на ова возило ќе бидат известени до крај на годинава, но од компанијата не прецизираат кога ќе започне нивното повикување во сервис. Продавачите на овие автомобили ќе мора да извршат проверка на контролната единица во автомобилот, и по потреба истата ќе биде заменета.

Во „Фолксваген“ сеуште не стивна прашината по скандалот со издувните гасови, а компанијата веќе  се соочува со нови обвиненија. Вредноста на акциите падна за 9,7 отсто.
Од WV соопштија дека открила „недоследности‟ при утврдување на нивото на емисијата на јаглерод диоксид. Овие „недоследности‟ можат да бидат опфатени уште околу 800.000 возила. Како што наведе „Фолксваген“, со прелиминарната истрага било утврдено дека детектираните недоследности би можеле да ја чинат компанијата околу 2 милијарди евра.

Имено, американските регулатори го обвинија Фолксваген дека спорните софтвери за лажирање на емисија на штетни гасови ги вградувал и во трилитарските дизел мотори. Поради ова обвинение, акциите на компанијата паднаа најмногу во последните пет недели.

“Фолксваген сите не остави без зборови“, истакнал аналитичар од консултантската куќа со седиште во Лондон, Еверкор Исл.

Надзорниот одбор на компанијата соопшти дека наскоро ќе се состане за да разговараат за понатамошните мерки и последици.

Скандалот “збриша“ повеќе од 24 милијарди евра од пазарната вредност на компанијата.


Н.С