HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСкандал во Шпанија: Пике ќе се повлече од Шпанската репрезентација

Скандал во Шпанија: Пике ќе се повлече од Шпанската репрезентација

Скандал во Шпанија, Жерар Пике (29) објави повлекување од националниот тим по Светското првенство во 2018 година. Како причина се наведуваат критиките на негова адреса од навивачите по синоќешното гостување во Албанија.

„Црвената фурија“ победи со 2:0 во меч што дефанзивецот на Барселона го одигра во дрес со кратки ракави со исечено шпанско знаме на рабовите. Неговите хејтери веднаш го забележаа моментот и го окарактеризираа како уште еден доказ за иредентизмот на Пике. Исто беше случај и со Серхио Рамос, но дел од навивачите, заслепени од омраза кон играчот на Каталонците, не забележаа ништо со стоперот на Реал Мадрид. Од фудбалскиот сојуз на Шпанија по мечот објаснија дека играчите го сториле тоа со цел „да можат што поудобно да играат“.

Пике отсекогаш важел за личност која не крие дека ја сака Каталонија. Меѓутоа и за личност што ги слави поразите на Реал Мадрид ако победите на Барселона. Ликувањето на секој неуспех на „кралскиот клуб“ и гордото истакнување на каталонсото потекло го направија омразена фигура кај централистите и хегемонистите во Шпанија. За антагонизмот кон него доволно говори и фактот што пријателскиот натпревар меѓу Шпанија и Англија беше преместен од „Сантијаго Бернабеу“ на стадионот во Аликанте поради стравување дека навредите ќе фрлат дамка на средбата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com